Уникатни услуги
Третмани по кои сме препознатливи и се издвојуваме од останатите

THERA Trainer BALO
THERA-Trainer balo, тераписки уред кој направи револуција во вежбите за рамнотежа и постурална контрола во клинички амбиент.

Thera-Trainer TIGO
Сеопфатен тераписки уред за ефективни, персонализирани тренинзи за вежби за седење, стоење, па дури и одење.

Терапија со ударни бранови (ShockWave Therapy)
За брзо ослободување од болка и враќање на подвижноста. Уникатно, неинвазивно решение за мускулно-скелетни болки.

Декомпресија на ‘рбетен столб
DTS терапијата за декомпресија е светски водечка не-хируршка алтернатива за синдроми поврзани со дискусите во лумбалниот и вратниот 'рбет.

Роботска рехабилитација по мозочен удар
Секогаш чекор напред од традиционалните методи за прогресивна рехабилитација на горните екстремитети, преку вежби во забавна средина на виртуелна реалност.

Инјекции во зглобови под водство на ултразвук
Иако ултразвукот (ехото) најчесто се користи за да се идентификуваат повреди или абнормалности; се користи и при инјекции во коленото.

Ехографска дијагностика
Примарен дијагностички метод за трауматски, воспалителни и дегенеративни промени, безопасен (нема зрачење) и безболен.

Решение за спастицитет
Dysport® е вид на лек кој се инјектира директно во зафатените мускули на рацете или нозете од страна на лекар.

Супер индуктивен систем BTL
Електромагнетни полиња со висок интензитет за стимулација на мускулите, нервите и коските, неинвазивно решение за ублажување на болката, промовирање на...

BTL R-Gait
Со роботскиот систем R-Gait прераснавме во прв регионален центар за целосна невро-рехабилитација.

Winback TECAR терапија
Терапијата Winback TECAR стои во првите редови на технологиите за рехабилитација, нудејќи иновативен пристап за управување со болката и физичко...
Сите услуги
Комплетен список на дијагностички и терапевтски процедури
Специјалистички преглед
Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во нашата специјалистичка амбуланта, вклучително и дијагностика на нервни болки.
Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на болката е ефикасен само ако дијагнозата е точна.
Специјалистот по физикална медицина и рехабилитација најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање.
Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката, независно дали потекнува од:
- грбот и вратот;
- рамената;
- колената;
- колковите;
- лактите;
- стапалата и глуждовите или
- дланките.
АМСАТ
Функционална дијагностика на организмот
Уникатен компјутерски комплекс кој успешно се применува во повеќе од 33 медицински установи ширум светот.
Проценка на квалитативен и квантитивен индекс за: ниво на адаптациски способности и ризик за органски заболувања.
АМСАТ се состои од:
- мерен уред,
- 6 електроди (стапала, дланки и фронтален синус),
- компјутер и
- софтвер.
Целата процедура за дијагностика трае помеѓу 30 секунди и 3 минути.
Целосно индивидуален пристап, оптимизација на медицинските третмани спрема секој пациент, физиолошки отстапувања од нормала, клинички релевантни дијагнози со повеќе од 80% точност, како и следење на ефективноста и резултатите од третманите.
Магнетотерапија
Магнетната терапија претставува примена на константно и променливо магнетно поле со ниска фреквенција во тераписки цели. Тоа е безбедна, неинвазивна форма на лекување, која е корисна за акутни или хронични заболувања, со цел намалување на болките и подобрување на циркулацијата во крвта.
Делува за зголемување на парцијалниот притисок од кислородот, што е особено важно кај ткива кои се исхрануваат преку дифузија како што е дискусот – дискус хернии.
Може да се применува и кај импланти од различен материјал (метал, керамика).
- Стимулира создавање на калус – после фрактури, но може да се дава и во фаза на носење на гипс;
- Остеопороза – ја зајакнува коската;
- Регенерација на периферни нерви;
- Регенерација на ткива – зараснување на рани;
- Противвоспалително и обезболувачко дејство;
- Миорелаксантно дејство – може да ја олесни напнатоста во мускулите;
- Aнтиревматско дејство – го намалува отокот;
- Го забрзува процесот на лекување;
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
Ултразвук (сонотерапија)
Терапија со ултразвук се состои од примена на физичкото и биофизичкото дејство на ултразвучната енергија за лекување. Во ултразвучната терапија се користи својството на пиезокристали да вибрираат кога ќе се приклучат на извор на електрична струја. Ултразвучната терапија има способност да делува длабински, со што може да ја зголеми температурата во длабочина на ткивото од 3-5цм, без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.
Ултразвукот предизвикува вазодилатација (проширување на крвните садови), ја подобрува трофиката на ткивото, хиперемија (подобра прокрвеност), подобра ресорпција на распаднати продукти од хемиски процеси во ткивата. Воедно влијае на биосинтеза на белковини (протеини) како важен дел на имунолошкиот систем.
Делува на самата болка, така што ја намалува, се ресорбираат отоци, стимулира создавање на калус кај фрактури, го намалува мускулниот спазам, помага за зараснување на ткивата, особено на тетивите.
- Механичко дејство – микромасажа на ткивата на клеточно и супклеточно ниво.
- Топлинско дејство – зголемување на температурата на локалното ткиво кое се третира.
- Сонофореза – локално воведување на лекарства со помош на оваа метода во третираните ткива.
- Субаквална апликација – подводно аплицирање.
Електротерапија
Во оваа терапија спаѓаат различни видови модалитети на електрична струја. Користејќи ги добиваме различни ефекти и резултати во лекувањето.
- Галванска (еднонасочна) струја – ја зголемува спроводливоста и надразливоста на нервите и има аналгетско (обезболувачко) дејство. Се користи за регенерација на ткивата, смалување на отокот и подобра ресорпција;
- Хидрогалванска струја – се аплицира под вода;
- Електрофореза – внесување на лекови во организмот со помош на еднонасочна (постојана) струја;
- Дијадинамски струи – аналгетско (обезболувачко) дејство, ширење на крви садови, подобрува трофика (исхрана на ткивата), ублажување на мускулните спазми. Се стимулираат мускули со нормална инервација;
- Интерферентни (среднофреквентни) струи – аналгетско (обезболувачко), антиедематозно дејство (против оток), ја подобруваат исхраната на ткивата, помагаат за создавање калус кај фрактури;
- ТЕНС – Транскутана електрична нервна стимулација;
- Електростимулации на денервирани мускули.
Вакуум
Апликација на интерферентни струи со вакуум електроди, при што доаѓа до комбинација на дејството од вакумот со дејството на интерферентните струи.
Ласеротерапија
Ласер терапијата има двоен механизам на делување. Од една страна локално дејство на ткивото во вид на метаболни промени, а од друга страна појава на рефлексни реакции заради делување на аферентните структури или одговор на метаболните промени во ткивото.
- Аналгетско дејство – намалување на болката;
- Антиедематозно – намалување на отокот;
- Регенерација на ткивата – кај заболувања, оштетувања и лузни;
- Противвоспалително дејство.
Апликацијата може да биде на повеќе начини: над местото на патолошката промена , на тригер точки и над рефлексните зони. Времетраење на апликација може да биде од 3 до 15 минути – просечна должина на терапијата е 10 дена до 15 дена , со повторување за 1 до 3 месеци (по потреба).
Комбинирана терапија
Mагнетотерапија, сонотерапија, електротерапија и ласеротерапија.
Индивидуална кинезитерапија
Во нашата ординација кинезитерапијата се изведува исклучиво индивидуално со искусен физиотерапевт под мониторинг на доктор.
Индивидуални вежби кај деца (сколиоза, кифоза, парези на плексус брахијалис и тортиколис – крив врат)
Индивидуални вежби со физиотерапевт:
- после фрактури (скршеници) на коски
- повреди на меки ткива (кинење на мускули, повреда на тетиви и лигаменти)
- артроскопски операции на зглобови,
- после апликација на ендопротези на зглобови, како и
- рехабилитација кај невролошки, ревматолошки и други заболувања при кои постои ограничување во обемот на движења.
Видови вежби:
- активни вежби;
- активно потпомогнати вежби;
- пасивно потпомогнати вежби и
- пасивни вежби со различно времетраење, започнувајќи од 30 минути.
- Корективна гимнастика;
- Вежби за зголемување на подвижноста на зглобовите;
- Вежби за јакнење на мускулатурата;
- Вежби за рамнотежа;
- Вежби за истегање.
Мануелна масажа
Масажата е општ термин за притискање, триење и манипулирање со кожата, мускулите, тетивите и лигаментите. Масажата може да се движи од лесно галење до длабок притисок.
Постојат многу различни видови на масажа, вклучувајќи ги вообичаените:
- Шведска масажа. Ова е нежна форма на масажа која користи долги потези, месење, длабоки кружни движења, вибрации и тапкање. Тоа помага да се чувствувате опуштено и енергично.
- Длабока масажа. Оваа техника на масажа користи побавни, посилни притискања насочени кон подлабоките слоеви од мускулите и сврзното ткиво. Најчесто се користи при оштетување на мускулите поради повреди.
- Спортска масажа. Ова е слично на шведската масажа, но е наменета за луѓе вклучени во спортски активности, како помош за спречување или лекување на повреди.
- Масажа на тригер точки. Оваа масажа се фокусира на областите со затегнати мускулни влакна, кои можат да се појават по повреди или прекумерен напор.
Термална масажа (Dr. Q)
Масажа за корекција на ‘рбетен столб која може да биде комбинирана со истегнување на ‘рбетниот столб преку подесување на агол до 45 степени на самиот апарат, што ја користи сопствената тежина на пациентот.
Овој апарат содржи и инфрацрвени зраци кои достигаат до температура од 65 Целзиусови степени, што дополнително делува за релаксација на мускулатурата за полесна корекција.
Парафинотерапија
Делува за:
- намалување на оток;
- смалување на болка;
- ублажување на мускулни грчеви.
Температурните промени од само неколку степени ја подобруваат спроводливоста на нервите, влијаат врз подобрување на крвотокот и еластичноста на колагенот. На пример, со загревање на рацете на 45 степени, се намалува вкочанетоста на рацете за 20%.
Најчесто се користи медицински парафин. Парафинот од надвор ја зголемува температурата за 7.5 степени, а внатре (интраартикуларно) за 1.7.
Хидротерапија
Хидротерапија со надворешна примена на вода е најдревната терапија. Дејството на водата е термичко, механичко, а кај минералните води во зависност од видот на минерализација на водата е и хемиско.
Дејството на хидротерапија делува на
- мускулно-скелетните;
- невролошките;
- ревматолошките;
- респираторните и
- урогениталните заболувања.
Блокови на нерви
Под ултразвучен мониторинг.
Нервните блокови се користат во терапевтски цели за третирање на хронични болки или акутна болка
Најчесто се користи за блокирање на болки кои се јавуваат поради притисок врз нерв од дискус хернија. Таа болка може да се манифестира како болки во дел од ‘рбетот како и болки по должина на екстремитетите.
Окципитални блокови
Блокови кај главоболки / мигрени.
Геникуларна нервна блокада
Пациентите со напреднат остеоартрит на колено и дебелина на ‘рскавицата под 50% или кој примале инекции во коленото и немале успех се кандидати за геникуларна нервна блокада.
Геникуларната нервна блокада е процедура во која нервите околу коленото се анестезираат („блокираат“) со локален анестетик, кој се инјектира преку мали игли.
Постапката се изведува под водство на ултразвук.
Оваа постапка се заснова на теоријата дека блокирањето на нерви во болната област може да ја ублажи болката и да врати дел од функцијата.
Проприоцептивна Невромускулна Фацилитација (ПНФ)
Прочуен пристап во физикалната терапија, дизајниран да ги стимулира проприоцептивните сетила на телото, да ја подобри мускулната активација и да ги подобри моторните перформанси. Оваа техника е особено корисна во невро-рехабилитација, помагајќи им на пациентите кои се опоравуваат од мозочни удари, трауматски повреди на мозокот и други невролошки состојби да ја вратат функцијата и подвижноста.
Физиотераписки вежби
Физиотераписките вежби се физички активности дизајнирани да го подобрат движењето и функцијата, да ја ублажат болката и да го промовираат заздравувањето во различни области на телото.
Важно е да се напомене дека вежбите за физиотерапија треба да бидат препишани и надгледувани од квалификуван физиотерапевт, кој може да ги прилагоди вежбите на Вашите специфични потреби и да го следи Вашиот напредок. Тие исто така може да се погрижат правилно и безбедно да ги изведувате вежбите за да избегнете повреда.
Подготвивме за Вас пет типа на вежби:
Статични вежби за вратот со отпор
Вежби за раздвижување на вратот
Вежби за раменици
Вежби за истегнување
Вежби со физио топка