Превентива 99
ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје +389 70 215 528
[email protected]
Превентива 99 Превентива 99
  • Дома
  • За нас
  • Услуги
  • Апарати
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Јазик: Македонски
    • Македонски Македонски
    • English English
  • Закажете термин

Успешни приказни, совети и информации од светот на физиотерапијата

  1. Превентива 99
  2. Блог
  3. Рехабилитација
  4. Апликација на медикаменти со помош на инјекции кај мускулно-скелетни болести

Апликација на медикаменти со помош на инјекции кај мускулно-скелетни болести

Thursday, der 12. January 2023 by stojan

Заради општото стареење на популацијата, бројот на лица со мускуло-скелетни заболувања е во постојан пораст. Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.

Мускуло-скелетните заболувања значително ја ограничуваат подвижноста, што предизвикува намален квалитет на животот и спречува активно учество во општеството. Типичен симптом на сите овие заболувања е болката (најчесто хронична).

Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по физикална медицина и рехабилитација, вклучително и дијагностика на нервни болки. Специјалистот физијатар најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на мускуло-скелетната болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.

Дегенеративните заболувања можат да се поделат во две големи групи:

  • Дегенеративни заболувања на зглобовите – артрози (остеоартрити).
  • Дегенеративните заболувања на ‘рбетниот столб и синдроми кои потекуваат од него.

Артрози (остеоартрити)

Артритот претставува најчесто мускулно-скелетно заболување и 9-та најчеста причина за телесна онеспособеност. Зачестеноста на ова заболување се зголемува и ќе продолжи да се зголемува како што се продолжува животниот век и сѐ поголемата епидемија на зголемена телесна тежина. Главните симптоми на артрит се болка и вкочанетост на зглобовите, кои вообичаено со влошуваат со годините.

Потребно е да се направи разлика меѓу 2-та најчести вида артрит: остеоартрит и ревматоиден артрит. Остеоартрит предизвикува дегенерација (постепено распаѓање) на зглобната ‘рскавица. Остеоартритот е поврзан со возраста, но и со бројни други ризик-фактори како што се: дебелината, намалената физичка активност, генетската предиспозиција, густината на коските, повредите и полот. Ревматоидниот артрит е заболување кај кое сопствениот имунолошки систем ги напаѓа и оштетува зглобовите.

Остеоартрит е најчеста болест на зглобовите во светот. Симптоматски остеоартрит се појавува кај 10% од мажите и 13% од жените постари од 60 години. Бројот на лица кои страдаат од оваа болест постојано се зголемува, заради продолжениот животен век и епидемијата на дебелина.

  • Гонартроза (остеоартрит на колено)
  • Коксартроза (остеоартрит на колк)
  • Бекерови цисти
  • Калцификати (шилци)

Дегенеративните заболувања на ‘рбетниот столб

Функционалната единица пршлени со диск трпи големо механичко оптоварување, особено лумбалниот и цервикалниот дел кои се најподвижни и таму е најголемото оптоварување.

Што претставува дискус?

Се проценува дека болката во грбот е причина за 45% од сите посети на физијатрија и е една од најскапите повреди за лекување. Преваленцата на лумбална радикулопатија е поголема кај мажите отколку кај жените, која се јавува кај 2% до 5% од мажите и 1% до 3% од жените. Фактори на ризик за болки во долниот дел од грбот вклучуваат професионално возење на долги релации, често кревање (особено со извртување), работа во тешка индустрија, траума на грбот, висок раст, пушење, прекумерна тежина, седентарен начин на живот, повеќекратна бременост кај жени, историја на болки во грбот и хронична кашлица. Факторите на животната средина се одговорни за повеќето случаи на ишијас, иако семејната историја на дискус хернија е исто така фактор на ризик.

  • Цервикален синдром (спондилоза, спондилоартроза, дископатија, дискус хернија, лумбоишиалгија, главоболки, вртоглавици во зависност кој одел е зафатен)
  • Лумбален синдром (спондилоза, спондилоартроза, дископатија, дискус хернија, цервико-брахијален синдром)

Зашто пациентите би избрале да ги боцкаме наместо да им дадеме таблети?

Инјекции во зглобови под водство на ултразвук (ехо)

Локална примена – не се оштетува желудникот и траат подолго, со една инјекција може да имаме подобрување од 4 до 6 месеци во зависност од видот на анестетикот и кортикостероидот.

Кај кои болести се користат?

  • Блокади на нерви под ултразвук
  • Апликација на анестетик за релаксација на мускулите кај спазам
  • Аспирација – извлекување на течност во зглобови – цисти, вода во колено итн.
  • Ботулинов токсин (ботокс) кај спазам – после мозочен удар, кај спазам во вратот и за главоболки – мигрени
Решение за спастицитет

Интаартикуларни инјекции во самите зглобови

  • Кортикостероиди или хијалуронски препарати од неколку месеци до година
  • ПРП чисти или со хијалурон. ПРП (Platelet Rich Plasma) е крвна плазма богата со тромбоцити, која со години се користи во медицината заради силниот ефект на регенерација и заздравување на ткиво
  • Апликација на матични клетки
  • Геникуларни инјекции

Поголемиот дел од пациентите (70% до 80%) доживуваат подобрување на болката и инвалидноста во рок од 4 до 6 недели со релативен одмор и модификација на активноста, а само 1% до 10% од пациентите ќе имаат потреба од операција. Менаџментот за рехабилитација нагласува враќање на активноста. Често се користат терапија со магнетно поле, ултра звучна терапија, ласер терапија, терапија со инфра црвена светлина, електро терапија. Хроничната болка, исто така, може да се третира со комплементарни и алтернативни модалитети, како што се кинези терапија и мануелна масажа.

Едукацијата за механика на телото, истегнување, зајакнување и аеробни вежби се меѓу најчесто препорачуваните програми за домашно лекување. Вежбањето за стабилизирање на трупот, како и зајакнувањето на горниот и долниот дел од телото и зголемената флексибилност се исклучително корисни.

Tags: апликацијаболкидегенеративнизаболувањаинјекциимедикаментимедицинамускулнорехабилитацијаскелетнифизикална
  • Share
  • Tweet
  • Linkedin
Слични објави
Што всушност претставува дискус?
Што всушност претставува дискус?
Sunday, der 4. December 2022 by stojan

Дискусот се состои од 10 до 15 фиброзни прстени (annulus fibrosus) во кои се наоѓа желатинозна маса (nucleus pulposus). При...

Употреба на паметна ракавица во клиничката пракса
Употреба на паметна ракавица во клиничката пракса
Monday, der 4. December 2023 by stojan

Во полето на физикалната медицина и рехабилитација, кое постојано се развива, технолошките достигнувања постојано ги редефинираат терапевтските можности. Меѓу нив,...

Пребарај
Превентива 99
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје | Specialist in physical medicine and rehabilitation at the University of St. Cyril and Methodius - Skopje

За ординацијата | About the clinic
Категории
  • Uncategorized (1)
  • Рехабилитација (18)
  • Физикална медицина (19)
Популарни објави
  • rehabilitacija-po-poroduvanje
    Постпартална рехабилитација: функционален пристап со современи уреди

    Thursday, der 8. May 2025

  • tekar-mld
    ТЕКАР терапија во комбинација со МЛД – интегриран пристап

    Friday, der 28. February 2025

  • Пациент подложен на ТЕКАР терапија за рехабилитација на хемстринг повреда во клинички амбиент
    Целосно заздравување од хемстринг (hamstring) повреда

    Saturday, der 9. November 2024

Таг облак
R-Gait Super Inductive System TECAR терапија Thera-Trainer Balo Thera-Trainer Tigo Превентива 99 апликација болки дегенеративни дијагноза заболувања зајакнување на карлицата зглобови инјекции лекување медикаменти медикаментозно медицина мозочен мултиплекс невро-рехабилитација немедикаментозно неоперативно парализа повреда повреди пост-породилна рехабилитација превенција причини рекреативци рекреација рехабилитација симптоми склероза спондилоза спорт спортисти терапија ттретман удар уринарна инконтиненција физикална физикална медицина цервикална церебрална
Закажување

Закажи термин | Schedule an appointment
doktor
Работно време
Пон – Пет – 9:00 – 19:00
Сабота – 9:00 – 14:00
Недела – Не работиме
Превентива 99

Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација | Specialist clinic for physical medicine and rehabilitation

Локација

ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје | Jordan Mijalkov Str. No. 24 1000 Skopje

E: [email protected]

+389 2 3179 333

+389 70 215 528

Работно време

Пон - Пет - 9:00 - 19:00

Сабота - 9:00 - 14:00

Недела - Не работиме

Mon - Fri - 9:00 - 19:00

Saturday - 9:00 - 14:00

Sunday - Closed

Политика на приватност

© 2022 Превентива 99. Сите права се заштитени.

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го овозможиме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека се согласувате со тоа | We use cookies to make sure we give you the best experience on our website. If you continue to use this site, we will assume that you agree to itВо ред | Okay