Preventiva 99
ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје +389 70 215 528
[email protected]
Preventiva 99 Preventiva 99
  • Home
  • About us
  • Services
  • Equipment
  • Gallery
  • Blog
  • Contact
  • Language: English
    • Македонски Македонски
    • English English
  • Закажете термин

Success stories, advice and information from the world of physiotherapy

  1. Preventiva 99
  2. Blog
  3. Rehabilitation
  4. Дегенеративни заболувања на зглобовите и методи за неоперативно лекување

Дегенеративни заболувања на зглобовите и методи за неоперативно лекување

Monday January 23rd, 2023 by stojan

Синовијалната мембрана е многу тенка и се состои од клетки (синовиоцити) кои меѓу другото се одговорни за создавање на синовијална течност. Синовијалната течност преставува прехрана за рскавицата и дејствува како лубрикант (за подмачкување) на зглобот.

Рскавицата се потхранува со помош на дифузија (размена) и впивање на хранливи материи од синовијалната течност. Рскавицата дејствува да обезбеди мазна површина за движење на зглобот и да го рашири и пренесе товарат врз зглобовите.

Коската исто така подлежи на ремоделирање како реакција на надворешните сили, со други зборови движењето и активноста помагаат за коските да бидат метаболички активни.

Оштетување на рскавицата

Механичко

Кај примарниот ОА (остеоартритис) се смета дека преголемите товари предизвикуваат оштетување на инаку здравиот зглоб. Рскавицата се оштетува уште на почетокот и тоа на централни места, со мали дефекти кои се викаат фисури, како и поголеми микрофисури односно пукнатини. Постепено тие пукнатини од површината се зголемуваат и поголеми регии од зглобот остануваат без рскавица, а притисокот се пренесува врз субхондралната коска. Промените се на места каде што има најголемо оптоварување. Доаѓа до стврднување на коската и формирање на остеофити (шилци) – маргинални или централни, а во самата коска можат да се создадат празнини – цисти.

Биохемиско

Се намалува и способноста на хондроцитите да се реплицираат (размножуваат). Се зголемува количината вода во рскавицата, проследено со намалување на колагенот тип 2, ослабување на кератин сулфатот, намалување на хијалуронот (хијалуронат) и се создава абнормален хијалурон, а воедно се зголемува и концентрацијата на фактори за воспаление.

Фактори кои придонесуваат за оштетување на рскавицата

Се делат на:

  • Примарни (генетски или хормонски)
  • Вродени – конгенитални дисплазија, луксација на колк
  • Секундарни, после болести кои ја оштетуваат рскавицата
  • Поради зголемена телесна тежина
  • Професионални, поради принудна положба кај некои професии

Медикаментозно лекување

Нестероидни антинфламаторни лекови (НСАИЛ)

COX-1 и COX-2 инхибитори (на пр. ибупрофен, диклофенак, кетопрофен). Не се препорачува долготрајна употреба поради бројни несакани ефекти.

Глукозамин и хондроитин сулфат

Природно се синтетезираат во организмот, а најголеми концентрации има во зглобните рскавици. Со годините производството на глукозамин се смалува.

Колагенски препарати

Околу 30% од протеините во организмот е токму колагенот. Тој се наоѓа во коските, зглобовите, тетивите, лигаментите и кожата. Со тек на годините, особено после 30-тата година се намалува производството на колаген во организмот.

Фармацевтски добиените колагени со молекулна тежина од 1000 до 6000 далтони, добиени од желатин со помош на хидролиза, стимулираат ендогено создавање на колаген од хондроцитите со помош на биоактивни колагенски пептиди. За сега не се сретнати несакани ефекти при нивна консумација.

Да се постигне терапевтски ефикасна концентрација се препорачува 3 месечно консумирање, со пауза после тоа, но потребно е да се продолжи со доза на одржување на секои 3 месеци по 1 месец консумација.

Интрартикуларни инјекции

Апликација на медикаменти со помош на инјекции кај мускулно-скелетни болести

Немедикаментозно лекување

Услуги

Терапија со топлина (термотерапија)

Делува за:

  • намалување на оток;
  • смалување на болка;
  • ублажување на мускулни грчеви.

Температурните промени од само неколку степени ја подобруваат спроводливоста на нервите, влијаат врз подобрување на крвотокот и еластичноста на колагенот. На пример, со загревање на рацете на 45 степени, се намалува вкочанетоста на рацете за 20%.

Најчесто се користи медицински парафин. Парафинот од надвор ја зголемува температурата за 7.5 степени, а внатре (интраартикуларно) за 1.7.

Освен парафин, може да се користи и инфрацрвена светлина. Терапијата со инфрацрвена светлина претставува алтернативна техника на третман што се користи во третманот на, меѓу другото, болни мускули и болни области на телото, воедно обезбедувајќи докажан ефект против болка во артроза на колената и зголемување на нивоата на ендорфин. Во овој третман се користи електрична енергија што се претвора во инфрацрвена енергија.

Терапија со студено (криотерапија)

Делува за:

  • подобрување на мускулниот тонус;
  • смалување на болка;
  • смалување на перфузија (прокрвеност).

Намалување на температурата за 16 степени од надвор, на пример кај воспалено колено, од внатре (интраартикуларно) ја смалува за 4-5 степени.

Ласер

Ласер терапијата има двоен механизам на делување. Од една страна локално дејство на ткивото во вид на метаболни промени, а од друга страна појава на рефлексни реакции заради делување на аферентните структури или одговор на метаболните промени во ткивото.

  • Аналгетско дејство – намалување на болката;
  • Антиедематозно – намалување на отокот;
  • Регенерација на ткивата – кај заболувања, оштетувања и лузни;
  • Противвоспалително дејство.

Апликацијата може да биде на повеќе начини: над местото на патолошката промена , на тригер точки и над рефлексните зони. Времетраење на апликација може да биде од 3 до 15 минути – просечна должина на терапијата е 10 дена до 15 дена , со повторување за 1 до 3 месеци (по потреба).

Електротерапија

Во оваа терапија спаѓаат различни видови модалитети на електрична струја. Користејќи ги добиваме различни ефекти и резултати во лекувањето.

  1. Галванска (еднонасочна) струја – ја зголемува спроводливоста и надразливоста на нервите и има аналгетско (обезболувачко) дејство. Се користи за регенерација на ткивата, смалување на отокот и подобра ресорпција;
  2. Хидрогалванска струја – се аплицира под вода;
  3. Електрофореза – внесување на лекови во организмот со помош на еднонасочна (постојана) струја;
  4. Дијадинамски струи – аналгетско (обезболувачко) дејство, ширење на крви садови, подобрува трофика (исхрана на ткивата), ублажување на мускулните спазми. Се стимулираат мускули со нормална инервација;
  5. Интерферентни (среднофреквентни) струи – аналгетско (обезболувачко), антиедематозно дејство (против оток), ја подобруваат исхраната на ткивата, помагаат за создавање калус кај фрактури;
  6. ТЕНС – Транскутана електрична нервна стимулација;
  7. Електростимулации на денервирани мускули.

Магнетотерапија

Магнетната терапија претставува примена на константно и променливо магнетно поле со ниска фреквенција во тераписки цели. Тоа е безбедна, неинвазивна  форма на лекување, која е корисна за акутни или хронични заболувања, со цел намалување на болките и подобрување на циркулацијата во крвта.

Делува за зголемување на парцијалниот притисок од кислородот, што е особено важно кај ткива кои се исхрануваат преку дифузија како што е дискусот – дискус хернии.

Може да се применува и кај импланти од различен материјал (метал, керамика).

  • Стимулира создавање на калус – после фрактури, но може да се дава и во фаза на носење на гипс;
  • Остеопороза – ја зајакнува коската;
  • Регенерација на периферни нерви;
  • Регенерација на ткива – зараснување на рани;
  • Противвоспалително и обезболувачко дејство;
  • Миорелаксантно дејство – може да ја олесни напнатоста во мускулите;
  • Aнтиревматско дејство – го намалува отокот;
  • Го забрзува процесот на лекување;
  • Го зајакнува имунолошкиот систем.

Сонотерапија (терапија со ултразвук)

Терапија со ултразвук се состои од примена на физичкото и биофизичкото дејство на ултразвучната енергија за лекување. Во ултразвучната терапија се користи својството на пиезокристали да вибрираат кога ќе се приклучат на извор на електрична струја. Ултразвучната терапија има способност да делува длабински, со што може да ја зголеми температурата во длабочина на ткивото од 3-5цм, без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.

Ултразвукот предизвикува вазодилатација (проширување на крвните садови), ја подобрува трофиката на ткивото, хиперемија (подобра прокрвеност), подобра ресорпција на распаднати продукти од хемиски процеси во ткивата. Воедно влијае на биосинтеза на белковини (протеини) како важен дел на имунолошкиот систем.

Делува на самата болка, така што ја намалува, се ресорбираат отоци, стимулира создавање на калус кај фрактури, го намалува мускулниот спазам, помага за зараснување на ткивата, особено на тетивите.

  1. Механичко дејство – микромасажа на ткивата на клеточно и супклеточно ниво.
  2. Топлинско дејство – зголемување на температурата на локалното ткиво кое се третира.
  • Сонофореза – локално воведување на лекарства со помош на оваа метода во третираните ткива.
  • Субаквална апликација – подводно аплицирање.

Комбинирана терапија

Ласер, електротерапија, магнетотерапија и сонотерапија.

Кинезитерапија

Видови вежби:

  1. активни вежби;
  2. активно потпомогнати вежби;
  3. пасивно потпомогнати вежби и
  4. пасивни вежби со различно времетраење, започнувајќи од 30 минути.
  • Корективна гимнастика;
  • Вежби за зголемување на подвижноста на зглобовите;
  • Вежби за јакнење на мускулатурата;
  • Вежби за рамнотежа;
  • Вежби за истегање.

Индивидуални вежби со физиотерапевт:

  • после фрактури (скршеници) на коски;
  • повреди на меки ткива (кинење на мускули, повреда на тетиви и лигаменти);
  • артроскопски операции на зглобови;
  • после апликација на ендопротези на зглобови, како и
  • рехабилитација кај невролошки, ревматолошки и други заболувања при кои постои ограничување во обемот на движења.
Tags: дегенеративнизаболувањазглобовилекувањемедикаментознонемедикаментознонеоперативно
  • Share
  • Tweet
  • Linkedin
Слични објави
Кои се симптомите на цервикална спондилоза
Кои се симптомите на цервикална спондилоза
Thursday February 9th, 2023 by stojan

Цервикалната спондилоза е честа состојба која ги зафаќа вратот и 'рбетниот столб како што старееме. Симптомите вклучуваат болка во вратот,...

Персонализирано движење: THERA-Trainer TIGO ја револуционизира рехабилитацијата
Персонализирано движење: THERA-Trainer TIGO ја револуционизира рехабилитацијата
Thursday October 26th, 2023 by stojan

Во специјалноста физикална медицина и рехабилитацијата, персонализираната нега е најважна. Патувањето кон закрепнување на секој поединец е уникатно и бара...

Search
Preventiva 99
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје | Specialist in physical medicine and rehabilitation at the University of St. Cyril and Methodius - Skopje

За ординацијата | About the clinic
Categories
  • Uncategorized (1)
  • Rehabilitation (18)
  • Physical medicine (19)
Popular Posts
  • rehabilitacija-po-poroduvanje
    Постпартална рехабилитација: функционален пристап со современи уреди

    Thursday May 8th, 2025

  • tekar-mld
    ТЕКАР терапија во комбинација со МЛД – интегриран пристап

    Friday February 28th, 2025

  • Пациент подложен на ТЕКАР терапија за рехабилитација на хемстринг повреда во клинички амбиент
    Целосно заздравување од хемстринг (hamstring) повреда

    Saturday November 9th, 2024

Tag Cloud
R-Gait Super Inductive System TECAR терапија Thera-Trainer Balo Thera-Trainer Tigo Превентива 99 апликација болки дегенеративни дијагноза заболувања зајакнување на карлицата зглобови инјекции лекување медикаменти медикаментозно медицина мозочен мултиплекс невро-рехабилитација немедикаментозно неоперативно парализа повреда повреди пост-породилна рехабилитација превенција причини рекреативци рекреација рехабилитација симптоми склероза спондилоза спорт спортисти терапија ттретман удар уринарна инконтиненција физикална физикална медицина цервикална церебрална
Scheduling

Закажи термин | Schedule an appointment
doktor
Working hours
Mon – Fri – 9:00 – 19:00
Saturday – 9:00 – 14:00
Sunday – Closed
Preventiva 99

Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација | Specialist clinic for physical medicine and rehabilitation

Our Location

ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје | Jordan Mijalkov Str. No. 24 1000 Skopje

E: [email protected]

+389 2 3179 333

+389 70 215 528

Working Hours

Пон - Пет - 9:00 - 19:00

Сабота - 9:00 - 14:00

Недела - Не работиме

Mon - Fri - 9:00 - 19:00

Saturday - 9:00 - 14:00

Sunday - Closed

Privacy policy

© 2022 Превентива 99. Сите права се заштитени.

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го овозможиме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека се согласувате со тоа | We use cookies to make sure we give you the best experience on our website. If you continue to use this site, we will assume that you agree to itВо ред | Okay