Превентива 99
ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје +389 70 215 528
[email protected]
Превентива 99 Превентива 99
  • Дома
  • За нас
  • Услуги
  • Апарати
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Јазик: Македонски
    • Македонски Македонски
    • English English
  • Закажете термин

Успешни приказни, совети и информации од светот на физиотерапијата

  1. Превентива 99
  2. Блог
  3. Рехабилитација
  4. Остеопороза: видови, превенција и лекување
osteoporoza

Остеопороза: видови, превенција и лекување

Sunday, der 28. July 2019 by stojan

Што претставува остеопороза?

Остеопороза е доминантно метаболно заболување на коските и претставува голем здравствен и социјален проблем. Асимптомна болест која не јавува симптоми, освен можеби намалување на височината на пациентите и појава на ‘грбка’ на грбот (торакалниот дел).

Таа претставува намалување на густината на коските, која може да доведе до кршење (фрактури) на истите и тоа при помали оптоварувања односно при вршење на секојдневни активности.

Тука спаѓаат: фрактура на колкот при пад кај повозрасни лица, потоа фрактури на раката (radii loco typico-фрактура на радиус), како и компресивни фрактури на пршлените на ‘рбетниот столб, кај кои всушност се забележува намалување на висината на пршленското тело.

Која е функцијата на коските?

Коската е механичка поддршка на мускуло-скелетната структура на телото.

Коскеното ткиво е многу активно ткиво и коската да би ја задржила својата форма, коскеното ткиво е подложно на постојани промени и обновувања, така што секоја година се обновува околу 20 проценти од вкупното коскено ткиво.

Постојат 2 вида на клетки:

  • Остеокласти, кои ја разградуваат коската,
  • Остеобласти, кои ја обновуваат (создаваат) коската.

Кај коските се случува процес на моделирање и ремоделирање, при која настанува отстранување на старата коска и замена со ново коскено ткиво.

Максимална коскена маса кај возрасен човек се достигнува помеѓу 30-тата и 35-тата години.

Видови или поделба на остеопороза

Примарни:

  • Идиопатски – непознато потекло,
  • Кај жени пред менопауза,
  • Кај млади мажи или јувенилна остеопороза,
  • Кај жени после менопауза,
  • Сенилна (кај возрасни лица, поврзани со возраста).

Секундардни:

  • При неправилна исхрана, булимија, недостаток на витамин Ц и витамин Д, недостаток на калциум, преголем внес на натриум, имобилизација (недвижење),
  • Кај ендокринолошки заболувања (Кушингов синдром), дијабет, акромегалија, хиперпаратироидизам, хипертироидизам, тумори на хипофиза (кај што се лачи пролактин),
  • После хируршки зафати-интервенции (кај отстранување на дел од желудник или дел од дебело црево).

Причини за настанување на остеопороза

  • Генетски фактор,
  • Рана менопауза,
  • Долго недвижење (имобилизација) – пасивен живот,
  • Ендокринолошки и хематолошки болести,
  • Мала телесна тежина,
  • Користење на некои лекови: кортикостероиди, метотрексат,
  • Намален внес на калциум.
  • Лоши животни навики (алкохол, пушење, голем внес на натриум, кофеин и сл).

Зашто жените се поподложни кон остеопороза во споредба со мажите?

  • Поради губење на половите хормони (естроген и прогестерон) кои ги лачат овариумите (јајниците),
  • Кај мажите дијаметарот на самите коски е поголем за разлика од жените и мажите се бават повеќе со физичка активност или поголема физичка работа која помага за зајакнување на коската,
  • Вертебрални (пршленски) скршеници, односот помеѓу жени и мажи е 7:1,
  • Скршеници на колк, односот помеѓу жени и мажи е 2:1,
  • Колесови фрактури (скршеници на раката), односот помеѓу жени и мажи е 5:1.

Како може да знаеме дали имаме остеопороза и како се дијагностицира?

DEXA Scan (испитување на густината на коскена маса) и лабораториски испитувања – маркери за коскено разградување, концентрација на јонизиран калциум и витамин Д.

Се мери грам на сантиметар квадратен.

  • T-score споредбено со 30 годишни.
  • Z-score се гледа кај млади и возрасни пациенти.

Нативната рентгенска снимка може да дијагностицира присуство на остеопороза кога ќе дојде до загуба на коскената маса повеќе од 25 до 30 проценти.

Дали е можно да се лекува остеопорозата?

Да, во зависност од почетната состојба, остеопорозата може да се лекува. После лекување на остепорозата од 1 година, се прави контролен DEXA Scan и се пратат лабараториските параметри. Кои лекови и методи од физикалната медицина можат да се користат во лекувањето на остеопорозата?

Калциум и витамин Д како суплементи или по природен начин со исхрана и сончање

Бифосфонатите се лекарства кои го земаат калциумот од телото и го носат до коската со цел да ја зајакнат. Со користење на овие лекови се подобрува минералната густина на коската од 5 до 10 проценти.

Вежби за зајакнување на екстензорите (мускулите) на грбот

Кај пациенти кои боледуваат од остеопороза, потребно е секојдневно движење (пешачење) од 30 до 40 минути со таканаречено брзо одење, потоа пливање 2 пати неделно за јакнење на мускулите на грбот, вежби без преголемо напрегање, тенис, гимнастика и други, при што е потребен минимален праг на оптоварување на коските за да дојде до покачување на нивото на минерали во самата коска. Лица со нормална густина на коските можат превентивно да делуваат преку вежбање на аеробик, џогирање, подигнување на тежини, скијање и друго. Анаболните стероиди имаат остеобластно дејство односно помагаат за формирање на коската.

Нискофрекфентно магнетно поле

Стимулира создавање на нова коска и делува остеобластно.

Лекување на фрактури

Скршениците на колкот се лекуваат скоро секогаш по хируршки пат (смртноста кај фрактури на колкот е 15 до 20 процети на 100 пациенти)

Кај скршениците на пршлените, во зависност од видот на фрактурата, докторот одредува дали ќе има оперативно или неоператино лекување.

Кај неоперативното лекување е потребно мирување, таблетарна терапија, помагала за `рбетен столб – ортози кои се строго препишани од доктор, бидејќи ако се носат на своја рака, всушност можат да предизвикаат ослабување на самата мускулатура и влошување на целата состојба.

Колкав треба да биде внесот на калциум?

  • Концентрацијата на калциум зависи од возраста и полот на пациентот:
  • Кај деца од 9 до 18 години, дневната доза изнесува 1300 mg,
  • Кај жени од 25 до 64 години, дневната доза изнесува 1000 mg,
  • Кај жени над 65 години, дневната доза 1500 mg,
  • Кај доилки и бремени жени, дневната доза извесува 1200 – 1500 mg,
  • Кај мажи до 65 години, дневната доза изнесува 1000 mg,
  • Кај мажи над 65 години, дневната доза изнесува 1500 mg.
Tags: лекувањеостеопорозапревенција
  • Share
  • Tweet
  • Linkedin
Слични објави
Инјекции со хијалуронска киселина
Инјекции со хијалуронска киселина
Sunday, der 4. December 2022 by stojan

Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болки во колената предизвикани од остеоартрит кај пациенти кои веќе биле...

Рехабилитација за спортисти: Вообичаени спортски повреди и улога на физикалната терапија
Рехабилитација за спортисти: Вообичаени спортски повреди и улога на физикалната терапија
Tuesday, der 21. March 2023 by stojan

Рехабилитацијата е клучна за спортистите да се опорават од повредите и да се вратат во игра. Дознајте кои се вообичаените...

Пребарај
Превентива 99
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD
Д-р Симона Ристовска | Simona Ristovska, MD

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје | Specialist in physical medicine and rehabilitation at the University of St. Cyril and Methodius - Skopje

За ординацијата | About the clinic
Категории
  • Uncategorized (1)
  • Рехабилитација (18)
  • Физикална медицина (19)
Популарни објави
  • rehabilitacija-po-poroduvanje
    Постпартална рехабилитација: функционален пристап со современи уреди

    Thursday, der 8. May 2025

  • tekar-mld
    ТЕКАР терапија во комбинација со МЛД – интегриран пристап

    Friday, der 28. February 2025

  • Пациент подложен на ТЕКАР терапија за рехабилитација на хемстринг повреда во клинички амбиент
    Целосно заздравување од хемстринг (hamstring) повреда

    Saturday, der 9. November 2024

Таг облак
R-Gait Super Inductive System TECAR терапија Thera-Trainer Balo Thera-Trainer Tigo Превентива 99 апликација болки дегенеративни дијагноза заболувања зајакнување на карлицата зглобови инјекции лекување медикаменти медикаментозно медицина мозочен мултиплекс невро-рехабилитација немедикаментозно неоперативно парализа повреда повреди пост-породилна рехабилитација превенција причини рекреативци рекреација рехабилитација симптоми склероза спондилоза спорт спортисти терапија ттретман удар уринарна инконтиненција физикална физикална медицина цервикална церебрална
Закажување

Закажи термин | Schedule an appointment
doktor
Работно време
Пон – Пет – 9:00 – 19:00
Сабота – 9:00 – 14:00
Недела – Не работиме
Превентива 99

Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација | Specialist clinic for physical medicine and rehabilitation

Локација

ул. Јордан Мијалков бр. 24 1000 Скопје | Jordan Mijalkov Str. No. 24 1000 Skopje

E: [email protected]

+389 2 3179 333

+389 70 215 528

Работно време

Пон - Пет - 9:00 - 19:00

Сабота - 9:00 - 14:00

Недела - Не работиме

Mon - Fri - 9:00 - 19:00

Saturday - 9:00 - 14:00

Sunday - Closed

Политика на приватност

© 2022 Превентива 99. Сите права се заштитени.

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го овозможиме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека се согласувате со тоа | We use cookies to make sure we give you the best experience on our website. If you continue to use this site, we will assume that you agree to itВо ред | Okay