Што е спастицитет кај возрасните?
Спастичност е состојба која предизвикува грчеви и вкочанетост на рацете, нозете или двете, што го попречува движењето и способноста да се извршуваат едноставни задачи, како што се одење или облекување. Болката поради екстремна вкочанетост и губење на подвижноста може да значи пресвртница во животот.
Што предизвикува спастичност?
Спастичноста може да се појави кога се оштетени нервните клетки кои пренесуваат пораки од мозокот до различни делови од телото. Кога тоа ќе се случи, засегнатите мускули од екстремитетите може да добијат погрешни сигнали. Ова може да предизвика мускулите да се контрахираат или згрчат, што доведува до вкочанетост и затегнатост.

Спастичноста може да се појави поради различни медицински состојби или нарушувања кои можат да ги оштетат нервните клетки, вклучувајќи:
- Мозочен удар
- Сериозна повреда на мозокот или ‘рбетниот мозок
- Болести како церебрална парализа или мултиплекс склероза
Рехабилитацијата по мозочен удар е клучна за квалитетот на живот кај овие граѓани, а единствено ПЗУ Превентива 99 во јавното и приватно здравство кај нас располага со револуционерни третмани како што се Dysport® за спастицитет и Neofect® паметна ракавица и Neofect® паметна табла!